Во Австралија денеска се гласа на парламентарни избори. Последните анкети покужуваа победа на конзервативците, по шестгодишното владеење на лабуристите, одбележано со економски процут, но и со внатрешни судири.

Премиерот Кевин Рад ја предводи Лабуристичката партија
Конзервативната коалиција на Тони Абот може да очекува 53 проценти од гласовите на изборите, додека остатокот од 47 отсто ќе заминат на контото на Лабуристичката партија на премиерот Кевин Рад, пренесува на австралискиот „Дејли телеграф“.

Тони Абот, лидер на Конзервативната коалиција
Гласањето во Австралија е задолжително, се одржува во сабота, а целиот изборен процес веќе е почнат во оддалечените, изолирани делови.

Обезбедувањето на Абот и негов неистомисленик
На изборите учествуваат и околу 50 мали партии, а меѓу нив најпознат е основачот на Викиликс Џулијан Асанж.Според истражувањaтa околу 26 отсто од австралските избирачи ќе гласаат за Асанж или за други кандидати на партијата на Викиликс.

Волонтери приготвуваат „изборна закуска“
Тој се кандидира за место во Сенатот во австралиската држава Викторија. Асанж пред неколку недели изјави дека е горд на поддршката, која ја ужива во својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


