| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец уапсен во Австралија веднаш откако дошол од Македонија

Australia Hacking Arrest

Македонец кој завчера слетал на аеродромот во Сиднеј бил уапсен поради тоа што во неговиот дом во Нов Јужен Велс е најдена синтетичка дрога, објавија австралиските медиуми.

Македонецот е уапсен кога од старата татковина се вратил во новата по летниот одмор во Македонија. Тој заминал на 18-ти јуни, а веќе следниот ден австралиската полиција извршила претрес во неговиот дом во градчето Пемулвеј.

При претресот се најдени 270 екстази таблети, 112 грама метилампфетамин, пари и други предмети кои може да се поврзат со криминални дејствија. Веднаш е отворена истрага и распишана потерница.

Кога завршил со одморот, тој пред два дена тргнал на долгиот прекуокеански пат и во средата слетал на аеродромот во Сиднеј. Полицајците веднаш го уапсиле 30-годишниот Македонец, објавија тамошните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top