| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар: Му влегле и му зеле 250.000 денари

policijalentaНепознати арамии во Гостивар го оставиле Ј.А. (44) без 250.000 денари, кои ги однеле од неговиот дом. Кражбата се случила вечерта меѓу 20 и 23,30 часот. Арамиите насилно отвориле еден од подрумските прозорци и влегле во внатрешноста на куќата. Парите ги нашле во една од спалните соби, по што заминале. Според сопственикот, крадците одзеле 250.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top