Денеска напладне на планината Мукос, веднаш над Степанскиот манастир во Велешко, избувна силен шумски пожар.
Диме Андонов од Шумското стопанство „Бабуна“од Велес информира дека според првичните информции нема опасност по манастирот и по селото. Екипи се пуштени на терен.
Инаку, по вчерашното привремено локализирање на пожарот над селото Мелница на Мелничка Планина во реонот на Чашка пожарот денеска е повторно активен. На терен во негово локализирање се десетина вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и локалното население од селата Мелница и Горно Врановци.
Најголем дел од површините под пожар е со папрат, а во помал е бука и нискостеблеста шума, но последиците по животната средина ќе бидат големи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.