| четврток, 6 декември 2018 |

Снаа претепала свекрва

zeni tepanje

Снаа и свекрва од битолското село Кравари се степале околу користење на водата во дворот, при што свекрвата го извлекла подебелиот крај и останала со скршен колк. Против снаата е покрената кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда.
Настанот се случил во неделата. Пеесетиседумгодишната Б.С. почнала да го мие дворот со вода, на што нејзината свекрва, Б.С.(82) се спротиставила. Снаата прво ја турнала на плочките и почнала да ја удира. Во болницата е констатирано дека на свекрвата и бил скршен колкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top