| четврток, 6 декември 2018 |

Кина: напад врз Сирија ќе ја падне економијата

asad sirijaКина предупреди дека евентуален воен напад врз Сирија ќе ја загрози светската економија, особено поради фактот што ќе предизвика раст на цената на нафтата.
– Воена акција ќе има негативно влијание на светската економија, особено на цената на нафтата, изјави кинескиот министер за финансии Жу Гуангјао на конференција за новинари на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург.
Жу, истовремено повика за политичко решение на сирискиот конфликт.
Ситуацијата во Сирија ќе биде една од главните теми на дводневниот самит на Г-20 во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top