Кина предупреди дека евентуален воен напад врз Сирија ќе ја загрози светската економија, особено поради фактот што ќе предизвика раст на цената на нафтата.
– Воена акција ќе има негативно влијание на светската економија, особено на цената на нафтата, изјави кинескиот министер за финансии Жу Гуангјао на конференција за новинари на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург.
Жу, истовремено повика за политичко решение на сирискиот конфликт.
Ситуацијата во Сирија ќе биде една од главните теми на дводневниот самит на Г-20 во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


