Грција се крена на нозе по објавените слики на албанскиот фудбалер во ПАОК, Ергис Каче, кој се фотографирал со маица на која има симболи од УЧК. Каче подоцна се извини, објаснувајќи дека не знаел што воопшто и значат симболите.
„Не знаев што значат ознаките на маицата, а кога ми кажаа побарав од пријателите да ја тргнат сликата од социјалните мрежи. Се извинувам ако навредив некого, но воопшто немав таква намера. Луѓето овде знаат дека не сум проблематичен човек“, е изјавата на Каче.
Тој има и два настапи за репрезентацијата на Албанија, а овој случај предизвика лавина реакции во Грција. Навивачите на ПАОК се блиски со симпатизерите на белградски Партизан, а Грците и Србите имаат одлични односи, па фотографијата може да му донесе многу проблеми на Каче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.