До темел изгоре куќата на семејството Шабани ,а двете соседни куќи беа зафатени од силниот оган. Според сопствениците на изгорената куќа некаде околу 19 часот додека вечерале наеднаш избил оган, и за среќа сите деветмина веднаш избегале од запалената куќа.
Пожарот ја зафати и електричната инсталација во населбата Злокуќани , така што во обид да се спаси покуќнината во запалените куќи , еден од соседите преживеа струен удар.
Четири противпожарни возила го гаснеа пожарот но според жителите на Злокуќани тие дошле со големо задоцнување.
Семејството Шабани и нивните соседи не знаат каде ќе ја поминат ноќта зашто заработуваат за живот собирајќи стара пластика и хартија а вечерва останаа без целиот имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.