| четврток, 6 декември 2018 |

Поради технички зафати делови од Скопје денеска ќе бидат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопјe ги известува граѓаните дека денеска поради веќе закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа  без снабдување со електрична енергија ќе останат:

Од 9.30 – 13.30 часот дел од општина Арачиново, од  10 до 11 часот дел од Момин Поток и дел од ул. Скупи, од 9 до 10 часот селата Волково, Орман, Горно и Долно Блаце, аеродромот Стенковец, комплекс Вергина, како и граничниот премин и терминалот Блаце,  од 12 до 15 часот дел од ул. Васил Илоски, од 11 до 12 часот дел од Кисела Јабука – ул. 40 и ул. 42, од 9.30 до 11 часот – ул. Лука Геров од бр. 20 до бр. 60 ќе бидат без електрична енергија.

Исто така, од 10 до 16 часот – дел од с. Кучевиште, од 9 до 16 часот – дел од с. Горно Свиларе и од 9 до 15 часот дел од ул. Гарсија Лорка ќе бидат без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top