| четврток, 6 декември 2018 |

Нема решение за проблемот во Октиси – разговорите продолжуваат

vladika timotej 24 vesti

Сега засега продолжуваат разговорите, сега се зема обврска тие да работат кај своите, ние кај нашите за да најдеме решение, изјави vладиката Тимотеј.

И денешната средба на Владиката Тимотеј и струшкиот муфтија Салим Сулејмани заврши без конкретен договор.

Двајцата се заложија дека ќе работат со своите верници, да се смират тензиите и страстите за да почне обновата на црквата „Свети Димитрија“ во селото Октиси.

– Сега засега продолжуваат разговорите, сега се зема обврска тие да работат кај своите, ние кај нашите за да најдеме решение – изјави владиката Тимотеј.

Треба да се надмине меѓуверскиот конфликт, да се најде решение за да се сочува соживотот во регионот, рече струшкиот муфтија.

– Да се најде убава солуција, позитивна за двете страни за нашите и вашите верници. Да бидеме заедно секогаш да ја чуваме исламската и христијанската вера – порача Салим Сулејмани, муфтија на ИВЗ Струга.

Пред четири дена средба со вадиката оствари и струшкиот градоначалник Зијадин Села, но без конкретен договор. Села од судот побара привремена мерка за одложување на обновувањето на црквата „Свети Димитрија“, со образложение дека тоа е најдоброто решение сѐ додека се смират тензиите.

Селото Октиси брои над 4.000 жители, од кои 10 проценти се Македонци православни, а останатите муслимани.

Меѓуверскиот инцидент се случи пред десетина дена кога православните жители на Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповед да стават темели за обновување на црквата „Свети Димитрија“ за што имаат градежна дозвола и сите потребни документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top