Со арапски и муслимански знамиња, група верници од муслиманска веросиповед утрово од 10 часот го блокирале патот кој води до струшкото село Октиси, јавува Охрид1. Причина за протестот е најавата дека денеска во селото ќе се осветува православна црква.
Според порталот, муслиманските верници не дозволуваат по патот да поминат свештениците на МПЦ и донаторот на црквата.
Полицијата стои помеѓу двете групи на луѓе, едните од православна, другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени. Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.