| четврток, 6 декември 2018 |

Британија: Вегетаријанка забременила јадејќи месо

trojkaБританка, вегетаријанка, 10 години се обидувала да забремени и природно и со вештачко оплодување. Докторите потоа ја советувале да не се надева на чудо, заради здравствени„предуслови“. Таа тогаш одлучила да ги смени навиките на исхрана, почнала да јаде месо, а по последниот обид за ин витро, забременила, пишува весникот “Дејли Меил”. 34-годишната Британка родила 3 здрави и витални бебиња.

Пред да го прекине вегетаријанството, додава весникот, била многу слаба, но откако со месото- три пати на ден, накачила речиси 30 килограми. Според мајката внесувањето на месо и помогнало да го добие протеинот од кој има потреба една бремена жена. Тоа било и една од причините поради кои таа успеала да ги износи трите деца.

Оваа сторија не е во насока да фрли сомнеж кон вегетаријанството или било кои други режими на исхрана. Британските весници ја пренесуваат како успешна семејна приказна. Како таква ја пренесува и Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top