| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Даглас тврди дека нема криза во бракот

85th Annual Academy Awards - Arrivals

Холивудскиот актер Мајкл Даглас рекол дека нема криза во неговиот брак, и оти тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс се „во ред“ , само што „привремено се разделиле“.
Даглас вчера во Берлин го промовирал својот филм за пијанистот Либерачи „Behind the Candelabra“.
Одговарајќи на она што медиумите го пишуваат со недели, тој прашал: „Јас имам криза дома? Не, мислам дека медиумите се во криза. Ние, ние сме во ред. Сопругата и јас сме добро. Привремено се разделивме.“
Кетрин Зета-Џонс (43) и Мајкл Даглас (68) се венчаа во 2000 година, имаат две деца. Тој се бореше со рак на грлото во 2010. година, а Кетрин со биполарно нарушување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top