| четврток, 6 декември 2018 |

Египет ја забрани Ал Џазира

al dzezira

Египетскиот суд денеска донесе одлука Ал Џaзира да престане со емитување на програма во Египет. Иста наредба е дадена за уште три телевизиски станици што објавувале извештаи за протестите на Муслиманско братство. Како причина за судската одлука е наведено дека тие медиуми немаат дозвола за работа во Египет. Одлуката е очекувана бидејќи владини официјални претставици наведоа дека Ал Џазира претставува национална закана бидејќи работи без дозвола и го обвинија медиумот за ширење гласини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top