| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил се истумба пред хотелот Континентал

Околу 19 часот на скопскиот булевар Александар Македонски во близина на хотелот Континентал се превртел автомобил. Возачот е повреден и е префрлен во градската болница „Свети Наум Охридски“.

Полицијата на лице место ја истражува несреќата, а сообраќајот со асистенција на сообраќајците се одвива забавено.

Автомобилот ауди со скопски таблички од засега непознати причини првин удрил во банкината на булеварот, а потоа се превртел на кровот. Несреќата се случила во правец од хотелот Континентал кон Автокоманда.

Возачот бил повреден, а откако е извлечен е однесен со итна помош во градската болница за да му се укаже лекарска помош и да му се утврдат повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top