Тетовци полнат вода од јавниот водовод кај православните гробишта во Тетово бидејќи често се без вода. За неполн месец ова е четврти пат да видат вакви црви во водата од чешмата.
– Утринава станав околу три часот да наполнам вода од чешмата бидејќи попладне нема вода и ги полнев бурињата за миење, за перење алишта, за децата да пијат и ова е четврти пат како се случува гледам живо влакно и ги извадив двете со џезве и ги ставив во шише. Децата кога има вода постојано доаѓаат и пијат вода од чешмата така што може да им се случи нешто. Еднаш и кога жените ги миеја чиниите излезе вакво влакно што го зедов и го фрлив – вели Сабедин Јашари.
Претставници од Јавното комунално претпријатие го посетија домот на Јашари, но денеска не сакаа да дадат изјава околу тоа како овој паразит се нашол во водата, пренесува „Канал 5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Скопски „Водовод“ бара ПР-агенција за 1,5 милион денари да му го подобри имиџот
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје