| четврток, 6 декември 2018 |

Франција смета дека Асад стои зад нападот со хемиско оружје

sirija zrtvi hemisko oruzje

Силите кои се лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад извршиле „силен и координиран“ напад со хемиско оружје на 21 август -стои во извештајот на француската разузнавачка служба.

Овој извештај, како што тврди извор од француската Влада е доставен до пратениците во францускиот Парламент. Содржи девет страни, во кои се изнесени пет точки, врз основа на кои се тврди дека зад нападот стои Асад.

Како што јави Танјуг, разузнавачките податоци содржат сателитски снимки, кои покажуваат дека нападот е извршен од области што ги контролира Владата, источно и западно од Дамаск, а дека цел му биле квартовите под контрола на бунтовниците. Според истиот извор, властите оттогаш постојано ја бомбардираат оваа област, со цел да ги уништат доказите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top