
-Франција сака Србија да биде следната земја што ќе влезе во Европската унија – изјави денескафранцускиот министер за европски прашања Тjери Репантен. Тој е во посета на Белград, каде оддржа прес-конференција со српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Репантен и Дачиќ се согласиле дека Франција и Србија имаат исклучително добри политички односи и оти двете земји се залагаат за продлабочување на соработката во областите на економијата, одбраната, правдата, полицијата и културата.
– Треба да сториме се што е во наша моќ за да ги зајакнеме односите, кои се темелат на традиционалното пријателство меѓу Србија и Франција – рече нагласи српскиот премиер.
Репантен нагласи дека Франција ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Србија и понуди најразлична помош од француска страна во тој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


