| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава 14 нови и тендер за уште 80 мали хидроцентрали

hidrocentrali Четириесет милиони евра е вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава. Инвеститорите заедно со надлежните разговараа за реализацијата на проектот и проблемите со кои се соочуваат.
– Станува збор за сериозна инвестиција. Ова е нов сектор. Досега е завршена огромна работа. Изградени се 16 мали хидроелектрани во период од 1,5 година и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 14 – изјави по средбата министерот за економија, Ваљон Сарачини.
сарачиниПроблемите се од различен карактер, од административен карактер, објекти на терен и слично. Претставникот на компанијата „Мали хидроелектрани“, фирма-ќерка на „Енерџи истерн Јуроп“, Самоил Целески, посочи дека проблемите беа очекувани со оглед на тоа што првпат се реализираат вакви проекти во земјава и оти добро е што тие се решливи.
– Проектот продолжува да се реализира. Три мали хидроелектрани веќе се пуштени во употреба, една треба да се пушти за 1,5 месец, други две се во фаза на градба, а има и во фаза на подготовка на проекти. Нѐ очекува уште доста работа – истакна Целески.
Министерот Сарачини и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, најавија дека на крајот на овој месец ќе се објави нов тендер за изградба на мали хидроцентрали.
– Предвидени се нови 80 локации и сѐ уште се дискутира дали ќе се објават во еден тендер или ќе се поделат во повеќе – појасни министерот Адеми.
За да се излезе во пресрет на инвеститорите, истакна Адеми, во соработка со ИФЦ за изградба на нови малихидроцентрали, а ќе се отвори и едношалтерски систем во рамки на Министерството за да може да добијат информации на едно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top