Земјотрес со интензитет од три степени пред полноќ ja стресе источна Македонија. Како што јавува Европско – медитеранскиот центар за сеизмологија, потресот е регистриран во 23.20 часот, со епицентар на четири километри североисточно од Пехчево, на длабочина од пет километри.
Три минути подоцна, земјотрес со ист интензитет бил регистриран и во соседна Бугарија. Земјотресот го почувствувале граѓаните на Берово, Пехчево, Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



