Тони Грнчаров, кошаркарот чие име засекогаш ќе остане запишано во историјата на актуелниот шампион МЗТ Скопје како прв што успеал да го крене шампионскиот пехар во богата клупска историја, повеќе не е член на екипата од „Јане Сандански“.
МКД.МК објави дека сега веќе поранешниот капитен на „металците“ во текот на денешниот ден бил повикан на состанок со раководството на шампионот на кој било договорено дека е најдобро за двете страни да дојде до раскин на соработката. Грнчаров не доби поголема шанса кај новиот тренер, Алеш Пипан, делумно и поради серијата повреди што го снајдоа поради што ќе проба да најде средина во која би играл повеќе во однос на тоа во сино-белиот дрес.
Заминувањето на популарниот Грне некако почна да виси во воздух по неодамнешното ангажирање на Ефтим Богоев со што се зголеми бројот на бекови во ротацијата. Засега нема конкретна најава каде би можен да продолжи Грнчаров, но изминатиов период неговото име беше поврзувано со враќање во Струмица, но и со трансфер во Лирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


