Франција планира да се „врати“ на Балканот и во целост да се ангажира за да придонесе за успехот и просперитетот на регионот кон ЕУ, најави министер за европски прашања Тиери Репантен.
– Сакаме да видиме дали сте подготвени да се приклучите на Европската унија, подготвени да ги исполните своите обврски, подготвени да ги поднесете предизвиците на единствениот пазар, подготвени да бидете, на крај, покрај нас, полноправна членка на ЕУ – посочува Репантен во интервју за белградскиот весник „Политика“.
Репантен е во посета на Белград, а потоа е предвидено да ги посети Подгорица и Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.