20.774 првачиња денеска првпат ќе седнат во училишните клупи. Почнува новата учебна година во која досега се запишани околу 200.000 ученици во основно училите и повеќе од 20.000 во средно. Наставата ќе се следи во 457 училишта од кои 358 основни, а 99 средни.
Министерот Спиро Ристовски нагласи дека бројот на првачиња опаѓа секоја година, како последица на намалениот наталитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.