Финансискиот предизвик на кој наиде рускиот премиерлигаш од Махачкала, Анжи, беше прилика ривалите на некогаш богатиот клуб да се офајдат со квалитетни фудбалери.
Се чини најмногу профитираше Динамо од Москва, тим кој што ова лето буквално купи половина од составот на Анжи.
Нови жители на руската престолнина деновиве станаа Владимир Габулов, Александар Јонов и Кристофер Самба. Вкупната вредност на овој „пакет“ трансфер е безмалку 20 милиони евра.
Најскапо платен фудбалер од триото е Самба, кој московјаните ги чинеше 8,8 милиони фунти, за чуварот на мрежата Габулов издвоија нешто повеќе од 6 милиони, додека цената ја Јонов изнесуваше 4,4 милиони фунти.
Затоа може да се закличи дека одлуката за промени во Анжи, која ја донесе Сулејман Керимов, најдобро ја искористија луѓето од Динамо.
Покрај споменатите тројца играчи, претходно во оваа екипа од Анжи допатуваа Игор Денисов, Јури Жирков и Александар Кокорин, момчето кое летово се шеташе на релација Дагестан –Москва. Најпрво се пресели во Махачкала, а сега повторно ќе игра во својот поранешен клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.