Докторка психијатар во здравствен дом во Подгорица била брутално претепана на работното место, па пациентот- насилник заработил кривична пријава. Пациентот со долгогодишни проблеми прво вербално а потоа и физички ја нападнал докторката.
-иако немал закажан преглед, докторката го примила, откако неколку пати ги прекинувал закажаните прегледи на другите пациенти, влетувајќи во ординацијата, велат за медиумите од болницата. Барал од докторката да му препише лекови кои бараат поинаков режим, како и други услуги за кои немало медицинска оправданост. Докторката одбила и се повлекла од својата ординација, го замолила да излезе, што пациентот и ја послушал. Откако му станало јасно дека нема да добие тоа што барал, почнал да удира по вратата, навредувајќи ја докторката, ја демолирал вратата од ординацијата, потоа тргнал кон докторката и физички ја нападнал.
За целиот случај има и видео-материјал.
-Немаме намера да се стекнуваме со „медиска популарност“, посочуваат од болницата, туку бараме внимание од надлежните, бидејќи ова не е единствена ваков случај да не напаѓаат пациенти, во услови кога работиме со недоволни средства и несоодветно мал број на работници, посочуваат од болницата во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


