Податоците од пописот на населението во Грција, реализиран во 2011 година, потврдуваат дека во оваа земја живеат 480 илјади албански емигранти, што претставува најбројна заедница на емигранти кои живеат во Грција, јави дописникот на МИА од Тирана.
„Вкупната бројка на странци со привремен престој во Грција изнесува 911.929 лица. По Албанците, кои се најбројни со 52,7 отсто, доаѓаат Бугарите со 8,3 отсто, Романците со 5,1 отсто, Пакистанците со 3,7 и Грузијците со три отсто, пренесуваат албанските медиуми.
Иако официјалните податоци од грчкиот попис ја покажуваат оваа бројка на албански емигранти, сепак нивниот број, според медиумите во Тирана е многу поголем, односно околу 600 илјади.
Пописот од 2011 година потврдува дека вкупната популација во Грција изнесува 10,8 милиони, при што 9,9 милиони се со грчко државјанство, 199 илјади граѓани на ЕУ, 708 илјади граѓани на други земји и над четири илјади се без државјанство или со нејасна националност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


