| четврток, 6 декември 2018 |

Пресечен канал на дрога: Пренесувал заедно со малолетна ќерка

droga kafasanMакедонските полиција и царина вчера пресекоа меѓународен канал на шверц на хероин на релација од Турција преку Грција и Македонија со крајна дестинација западно европските земји. Запленети се 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а уапсени се две лица. Вредноста на хероинот на нарко-пазарот во Западна Европа е околу 300.000 евра.

При преземени координирани мерки и активности на вчера околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез во Македонија, извршена е контрола на возило „Цитроен Ц 4“ сопственост на рента-кар компанија од Скопје, управувано од скопјанката А.С.(46). Во багажниот простор под тапацирите во фабричките празнини, беше пронајдена сокриена дрогата спакувана во пет пакувања од по околу половина килограм. Дрогата е одземена и предадена на Одделот за крим-техника заради вештачење.

Според досега документираните сознанија, Д.Ф. го организирал транспортот на хероинот, така што ја ангажирал А.С. како транспортер и и помогнал околу пронаоѓање на возило од рент-а-кар компанија од Скопје, за што дал и паричен аванс. По ова, тој на 27.08.2013 заедно со својата малолетна ќерка и со сопствено возило заминал за Турција, а А.С. во истиот период, истотака заминала за Турција со возилото најмено од рент-а-кар.

По пристигање во Истанбул Д.Ф. го набавил хероинот, го сокрил во „Цитроенот“ на паркинг просторот пред хотел „Санџак„ во Истанбул каде заедно престојувал со А.С. Транспортот до  Македонија се одвивал така што  Д.Ф. патувал заедно со својата малолетна ќерка со сопстевно возило, а  А.С. го управувала најменото возило и за време на транспортот постојано добивала инструкции од Д.Ф.

Согласно досегашните сознанија на МВР, ваквиот бескрупулозниот начин на кој што Д.Ф. го организирал транспортот на наркотичната дрога не бил за прв пат. Притоа, неговата малолетна ќерка е повторно инволвирана во криминалните активности. Првиот пат на 28.05.2012 год. на ГП „Ипсала“ на излез од Р.Турција, при контрола на ПМВ „БМВ“ сопственост и управувано од неговата сопруга, а како сопатник бил неговиот татко и малолетната ќерка, пронајдени и одземени се 38 пакувања со вкупна количина од  19 кг и 650 гр хероин, а неговиот татко и сопруга се наоѓаат на издржување казна затвор во Р.Турција. Освен бескрупулозната злоупотреба на сопствената ќерка, за Д.Ф. било карактеристично и користењето на зголемената фрекфенција на граничните премини поради крајот на туристичката сезона,

Од страна на МВР, денеска до Основно јавно обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Д.Ф. и А.С. заради сомнение за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 3 од КЗ на РМ и истите ќе бидат предадени на надлежен Истражен Судија- соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top