„Форд“ ќе повлече околу 370.000 автомобили, направени од 2005 до 2011 година од територијата на Северна Америка поради проблеми во системот на возилото.
Oд САД ќе бидат повлечени 355.000 автомобили, додека од Канада 15.000 автомобили.
„Причина за повлекувањето е корозијата која се јавува од солта против мразот. Таа предизвикува висока корозија која може да го оштети системот за управување и да доведе до губење на контролата над работењето на возилото“ – соопшти Форд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


