Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во синоќешните протести во Египет организирани од приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси.
Поддржувачите на Морси синоќа пред полицискиот час се обиделе да се доближат до претседателската палата во Каиро, но биле спречени од безбедносните сили. Демонстрантите оттаму се упатиле кон Плоштадот на сфингата, каде полицијата употребила солзавец и пукала во воздух за да ја растера толпата.
Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше и во Суец, во Асјут и други египетски градови. Во Порт Саид при напад врз армиски пункт загина еден војник, а тројца се повредени.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.