Неколку стотици луѓе денеска протестираа во Сиднеј поради евентуалниот американски воздушен напад врз Сирија.
Демонстрантите носеа транспаранети на кои пишуваше „Тргнете ги рацете од Сирија“ и „Запрете ја војната в Сирија“, а некои од учесниците на протестот носеа и слика на сирискиот претседател Башар ал Асад.
– Дојдовме да изразиме солидарност со сириската Влада. Денеска сите сме глас на сирискиот народ и дојдовме да ви кажеме господине Обама дека се осудувате да го наречете претседателот Башар ал Асад диктатор, а сами донесовте одлука во име на сирискиот народ, во име на народот на САД и сите други народи во светот. Обама сега слушнете не, тргнете ги рацете од Сирија, изјави една од учесничките во протестот, Јасмин Садат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.