| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнете ги рацете од Сирија – протести во Австралија

avstralija za sirija

Неколку стотици луѓе денеска протестираа во Сиднеј поради евентуалниот американски воздушен напад врз Сирија.

Демонстрантите носеа транспаранети на кои пишуваше „Тргнете ги рацете од Сирија“ и „Запрете ја војната в Сирија“, а некои од учесниците на протестот носеа и слика на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Дојдовме да изразиме солидарност со сириската Влада. Денеска сите сме глас на сирискиот народ и дојдовме да ви кажеме господине Обама дека се осудувате да го наречете претседателот Башар ал Асад диктатор, а сами донесовте одлука во име на сирискиот народ, во име на народот на САД и сите други народи во светот. Обама сега слушнете не, тргнете ги рацете од Сирија, изјави една од учесничките во протестот, Јасмин Садат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top