Уште како средношколка, Наташа Ѓаковиќ, сонувала да го запознае Тоше Проески. Немала многу желби, била среќна, а оа била нејзината најголема желба. Нејзините пријатели од училиште не можеле да ја сфата нејзината преголема љубов кон македонскиот пејач. Во нејзината соба немало празно место во кое таа не ставила фотографија од Тоше.
Нејзиниот свет се срушил кога дознала дека пејачот кој премногу го сака прерано го напуштил овој свет. Била потресена и болна неколку дена. Но, таа заради големата љубов кон македонскиот пејач, го научила македонскиот јазик и обичаи. Додека го барала гробот на Тоше, ја запознала љубовта на нејзиниот живот – нејзиното момче Јордан Мартиновски со кого е подолго време… Таа студира германски јазик во Австрика, а секоја шанса ја користи да дојде во Крушево, да го посети гробот на Тоше и да биде со своето момче.
-Среќна сум и силно врзана за Македонија, пријателите и денес не ме разбираат од каде толкава љубов што ме натера да научам и обичаи и јазик и сè. Mногу ми е тешко што Тоше не е повеќе жив, па да можам заедно со моето момче да одам на негов концерт во Скопје. Судбината ми одредила поинаков тек и цел живот ќе жалам за Тоше, но верувам дека Бог ми го даде Јордан, за да имам некој со кого ќе ја споделам тагата по него – вели таа.
Извор: doznajemo.net
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.