| четврток, 6 декември 2018 |

Баскет со автограми – подарок од кошаркарите за роденденот на премиерот Груевски

Натурализираниот Македонец Бо Мекејлеб му го врачи роденденскиот подарок на премиерот Никола Груевски. Кошаркарите, кои денеска го оддржаа последниот тренинг пред Еропското Првенство во Словенија, подготвија изненадување за Груевски – Кошаркарска топка со потписи од сите репрезентатици.

srecen-rodenden-1

Премиерот, кој денеска полни 43 години, попладнево ги посети кошаркарите за време на нивниот тренинг.

Дојдов тука на тренингот на македонските кошаркари за да ги поздравам и да им посакам среќа на претстојното Европско првенство во Словенија. Се надевам дека и во Словенија ќе постигнат добар успех. Би сакал во исто време да испратам две пораки до македонската публика. Првата порака  е поради фактот што често забележувам дека кога гостуваат екипи кои не се меѓу подобрите тимови, посетеноста е слаба. Се прашувам за кого доаѓа публиката – за гостите или за македонските екипи и македонската репрезентација. Треба секогаш да доаѓаме и да го бодриме македонскит тим без разлика кој е противникот. Во Франција, Англија, Германија стадионите се секогаш полни.  Втората порака е да ги бодриме играчите за време нацелиот натпревар. Кога македонските тимови губат или не играат најдобро, публиката занемува, еуфоријата паѓа. А тогаш им треба најголема поддршка. Да ги бодриме нашите играчи низ целиот натпревар – вели Груевски.

srecen-rodenden-2

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top