Генералниот секретар на НАТО Расмусен изјави дека наводната употреба на хемиско оружје во Сирија бара одговор од меѓународната заедница.
– Не ја гледам улога на НАТО во меѓународната реакција кон сирискиот режим, изјави Расмунсен, според кого наводната употреба на хемиско оружје е „застрашувачки и ужасен чин“.
– Хемиски напад претставува јасно кршење на меѓународните стандарди, злосторство кои не може да се игнорира.
Тоа бара меѓународен одговор за да не се случи повторно. Расмусен потенцира дека верува оти зад неодамнешниот напад со наводно хемиско оружје стои сирискиот режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


