| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Русија е на страната на Башар Ал Асад

putinassadТрета година додека трае Сирискиот конфликт Москва го поддржува и снабдува Асад со оружје, гранати, тенковски делови, авиони, ракети, му прати воени експерти, му даде дипломатска поддршка, но и многу пари. „Бизнис инсајдер“ прашува: Зошто?

Како прва причина се наведува стратешката- Во сириското пристаниште Тартус е единствената меѓународна воена база на поранешниот Советски сојуз.

Финансиска причина- Од лани во јуни руските економски интереси во Сирија изнесувале вкупно околу 20 милијарди долари, а пет милијарди долари биле од продажба на оружје.

Третата причина е- Филозофска: Според Андраник Мигранјан, директорот на Институтот за демократија и соработка во Њујорк, невладина организација финансирана од приватни руски спонзори, вели дека руската позиција е многу лесно да се разбере: прво, Русија е против промена на режимот во Сирија или било која друга земја под надворешно влијание, бидејќи од гледна точка на Русија, секој обид за промена на режимот завршува со хаос и резултатите биле спротивни на намерите. Како докази ги посочува состојбите во Ирак, во Либија, во Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top