Шеесет и четири годишниот Марин Чедевски веројатно му се воодушевувал на филмскиот боксерски херој Роки. Кога отишол во САД во посета на својот син, успеал да го види споменикот на Роки Балбоа во Филаделфија, пренесува Канал 5.
Фото-репортерот на весникот „Филаделфија инквири“ правел репортажа од подготовките за големиот концерт „Мејд оф Америка“ планиран да се одржи во првиот главен град на САД- Филаделфија, кога го овековечил овој момент.
Во близина на скалите е и споменикот на Роки, а таму дошол и Марин Чедевски заедно со неговиот син Горан кој работи во Атлантик сити.
Чедевски ја соблекол својата маица и ги покажал мускулите споредувајќи ги со оние на статуата на измислениот боксер.
Синот Горан го пофалил, „Татко ми е посилен од Роки“, а фоторепортерот на „Филаделфија инквири“ го зачувал моментот со фото-апаратот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општината тоне во ѓубре, граѓаните бесни: Марин не може ниту да го исчисти Аеродром!
-
Аеродромци револтирани од Марин: Дојде живот – некои садеа 50.000 садници, други ги сечат
-
Рекетот на Марин од Аеродром шема за рекет на СДСМ врз бизнисмени низ цела Македонија? (видео)
-
Се спрема ли фалсификат во Аеродром и Скопје: Петре Шилегов и Златко Марин денес во друштво на криминалецот Јане Тица


