Силна порака раскажана со кадрите снимени во Њујорк, во траење од само 90 секунди. Филмот „Четврток“ кој Манчевски го направи за отварањето на годинешниот 70. Филмски фестивал во Венеција се појави на ЈуТјуб.
Сценариото е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата актерка Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и е американска продукција.
Директорот на Фестивалот Алберто Барбера упати ексклузивна покана до 70 режисери кои оставиле трага во историјата на фестивалот и во светската кинематографија, за отворањето на фестивалот да направат кус филм во траење од 60 до 90 секунди, со целосна креативна слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.