| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Не бегаме од избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека се подготвени во секој момент и не бегаат од избори, но само во фер и демократски избори ќе биде поразена ова власт

zaev slikaГруевски е тој кој уште во март избега од предвремени парламентарни избори. СДСМ никогаш не бега од избори и е подготвен да учествува на избори. Затоа го повикувам Груевски, да директно, не формално, туку суштински, заедно со опозицијата и, пред сѐ, со институциите на системот се вклучат во исчистување на Iзбирачкиот список до крај и вградување на сите препораки од ОБСЕ и ОДХР во изборното законодавство. Тоа, исто така, e препорака од мартовскиот договор, наша обврска како земја. Штом тоа ќе биде завршено, веднаш можеме да го прецизираме терминот за одржување на парламентарните избори и најбрзата процедура за организација на вакви парламентарни избори, порача Зоран Заев, претседател на СДСM.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top