| четврток, 6 декември 2018 |

Селски рекетари: Истепале говедар и му ги зеле кравите

krava

35-годишен селанец бил нападнат со дрвeн предмет, а потоа напаѓачите му го одзеле добитокот затоа што не им исплатил долг.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.С.(21) од с. Буковљане за сторено кривично дело тешка телесна повреда, против В.С. (57) за учество во тепачка, додека Т.С. и В.С. заедно со М.С. (54) се пријавени и за самовластие в.в. „соизвршителство“.

На 02.08.2013 година, околу 20 часот во с. Буковљане, додека Г.М.(35) од с. Мгленце поминувал покрај куќата на пријавените терајќи добиток, настанала вербална расправија помеѓу истите околу паричен долг што Г.М. не им го исплатил, при што Т.С. со дрвен предмет го удрил Г.М. во пределот на левата потколеница нанесувајќи му скршеница, а В.С. физички го нападнал, а потоа заедно со М.С. му го одзеле добитокот како компензација за неисплатениот долг – соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top