| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистички бунтовници запалиле библиотека со стари ракописи

100393962

Исламистички бунтовници во древниот град Тимбукту во Мали запалиле библиотека со стари ракописи и други јавни згради при приближувањето на француските и малиските војници кон градот при крајот на минатата недела, јави ДПА.

– Изгоре инстутот „Ахмед Баба“. Тоа е катастрофа за Тимбукту и за целото човештво- изјави градоначалникот на Тимбукту.

Според него во библиотеката се наоѓале илјадници ракописи.

Бунтовниците, исто така, ја запалиле општинската зграда и егзекутирале млади луѓе кои се радувале на пристигнувањето на француските и малиските сили, истакна градоначалникот.

Институтот „Ахмед Баба“, поседува една од неколкуте библиотеки и збирки во градот, во кои има документи,  кои датираат од 13 век, а во него има над 20.000 научни ракописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top