Од куќа во Прилеп ноќеска се украдени пари и накит во вредност од еден милион денари.
Според МВР, кражбата била извршена во куќата на А.А (54) на ул. „Целе Павлоски – Џгуре“ во Прилеп. Крадецот насилно ја отворил врата од гаражата и влегол во куќата, при што одзел 1.100 денари, 13.060 австралиски долари, 6.050 евра и златен накит. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



