Иако македонските граѓани секојдневно се жалат до грчката дипломатска мисија дека при преминувањето на македонско-грчката граница се подложени на контрола од страна на „надуени типови“ од Златна зора, грчката полиција досега нема уапсено никого – пишува грчкиот новинар Ставрос Цима во колумна за весникот „Катимерини“. Неговото денешно обраќање е посветено на „нестабилните односи на Грција со соседните земји“ и за инцидентите кои се случуваат на грчките граници.
Цима нагласува дека членовите на неофашистичката партија насилно ги отстрануваат регистарските таблички од македонските автомобили кои имаат македонска ознака и кршат шофершајбни. Во неговата колумна стои:
„Насилниците во црна облека не поставуваат блокади само на границата. Тие со истата намера се појавија и во внатрешноста, во одмаралиштата Халкидики и Пиерија. Тажно е што и покрај жалбите досега никој не е упасен од страна на грчката полиција. Владата мора да се справи со овој феномен во зародиш, пред да се впуштиме во опасни авантури со своите соседи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


