| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук затвора профили на курдски политичари во Турција

Социјалната мрежа „Фејсбук“ призна дека забранува профили на курдски политичари или групи во кои, како што се тврди, има влијание нелегалната Курдска работничка партија, објави „Хуриет“. Директорот на „Фејсбук“ за политика на социјалната мрежа во Европа, Ричард Алан, изјави дека на корисниците им е забрането да користат и поставуваат лого на органзиации кои се нелегални за ЕУ и за САД, меѓу нив и ПКК.

Повеќе од 10 профили, повеќето на курдски политичари, беа затворени од 6 до 12 август од „Фејсбук“. Вчера беше затворен профилот и на заменик-претседателот на прокурдската Партија за мир и демократија, Хасип Калпан, кој вели дека потегот е скандалозен и најави тужба за социјалната мрежа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top