
Нашата група е специфична, релативно израмнета, со противници што може и да ги победиме, но и да бидеме поразени. Во суштина, не се плашиме од никого, ќе бидеме најдобри што можеме во обидот да забележиме што повеќе победи. Противниците во нашата група се квалитетни состави, имаат квалитетни пополнувања на сите позиции каде што имаат откази, така што тоа што кај некои од нив има отсутни, може, но и не мора да биде од големо значење, вели еден од столбовите на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски во интервју за „Дневник“.
Плејмејкерот се надева дека во Словенија ќе има ново продолжение на неговата спонтано изговорена фраза по победата над Литванија од минатото Европско првенство: „Леле, што направивме“.
– Таков вид емоција и изјава се во даден момент на максимална еуфорија. Тешко се повторува. Сепак, се надевам дека може повторно да ни се случи успех кој ќе продуцира нова изјава што ќе биде синоним за нашиот настап на ЕП во Словенија – вели Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


