Викендов во Лазарополе ќе се одржи работилница за фотографија. Во склоп на проектот Креативен викенд на работилницата учесниците најпрвин теоретски, а потоа и практично ќе се запознаат со основите на фотографијата и ќе имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, фотографираат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата.
Целта на овој креативен викенд е создавање фотографски дела чија главна тема ќе биде врзана со селото Лазарополе. Предвидени се низа кратки предавања и презентации на фотографии, заедничко избирање на тема и креативна индивидуална и тимска работа. На крајот од работилницата предвидена е дискусија и избор на фотографии кои подоцна ќе бидат поставени на групна изложба.
Оваа работилница е наменета за сите уметници и млади кој се интересираат за фотографијата како уметност, без оглед на нивната техничка подготвеност, да научат повеќе за фотографијата, за нејзината примена како медиум во уметноста, за концептуалната фотографија или едноставно да се инспирираат од убавините на Лазарополе.
Би биле благодарни доколку вашиот медиум отстапи простор и објави вест за нашиот настан. Во прилог ви испраќаме флаер и фотографии за настанот. За дополнителни информации слободно обратете ни се. Ви благодариме за отстапениот простор и време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даниел Жонса предавач на „Google News Lab“ гостува на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје
-
ХАЕ огранизира работилница: Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“
-
Работилница за декупаж – креативна техника за создавање на уникатни предмети
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе


