| четврток, 6 декември 2018 |

Керим: Меморандумот ќе го забрза процесот кон ЕУ

kerim4118

Меморандумот предложен од владеачката партија ќе го забрза процесот кон ЕУ. Брисел беше многу јасен што бара од земјава, затоа што од таму стигнуваа загрижувачки пораки за нефункционирањето на институциите. Поразени и победници од прифатениот извештај за настаните од 24 декември нема, туку има само одговорна позиција од страна на сите, вели во интервју за МТВ, Срѓан Керим долгогодишен дипломат и поранешен министер за надворешни работи.

Премиерот најави дека владеачката партија деновиве во Собранието ќе достави Меморандум со кој се очекува да се забрза процесот кон ЕУ и да се надминат препреките дома. Ќе го забрза ли патот кон Брисел овој документ?

Па ваква една иницијатива во овој момент е повеќе од добредојдена бидејќи мислам дека не е доволно што се потпиша документот за случувањата од 24 декември минатата година во нашето Собрание, туку треба да имаме и постабилни основи за консензус и едно усогласено однесување кога се работи за меѓународната положба на државата. Гледаме дека Македонија е во еден регион, кој е се само не стабилен. Вчера беше Либија, пред тоа Тунис, сега Египет, Сирија , се тоа се случува на Медитеранот, а ние сме дел, Грција исто така е во голема економска и финансиска криза и околу нас земјите не се во некоја многу завидна положба. Што значи дека се треба да се работи во прилог на тоа да се зацврсти меѓународната положба на Македонија и мислам дека една ваква декларација, не само што ќе го потврди оддамна донесениот и договорен консензус во државата дека сите треба да стоиме зад евроатланската интеграција на Македонија , туку ќе го освежи и ќе го зајакне , бидејќи во последно време почнавме во тие наши меѓусебни внатрешни кошкања и конфликти да забораваме дека тоа сериозно и наштетува на нашата меѓународна позиција.

Велите дека со потпишување на договорот ќе се забрза патот кон ЕУ, ќе се донесе посветла иднина на Македонија, но од друга страна се спасува  ли земјава внатре од политичка криза ?

Брисел беше многу јасен во однос на тоа што се бара од нас конкрено за извештајот да не биде негативен и воопшто да не се закочи процесот на приближување на на Македонија кон ЕУ и овој документ и договорите и усогласувањата околу тие прашања што беа контроверзни и спорни во парламентот е едно од клучните моменти во тој дел, второ знаеме дека во последно време и од Брисел и околу Брисел доаѓаа пораки кои загрижуваа затоа што се велеше, не е веќе само проблемот на отвореното прашање спорот со името со Грција , туку има и други проблеми пред се нефункционирањето на институциите, а тоа е веќе сериозна забелешка и се разбира многу беше важно што премиерот Груевски како претседател на најголемата владеачка партија и Премиер со сопствениот пример и сопствената иницијатива ги повика сите одговорни чинители во земјава да се приклучат на тој пат затоа што само така можеме да успееме, се друго не води во беспаќе.

Како дипломат со долгогодишно искуство има ли поразени и победници во вакви политички битки, на што бевме сведоци деновиве со ад хок комисијата?

Се зависи со какви очи гледате на работите, знаете ние на Балканот сме оптеретени со многу стереотипи, меѓу другото еден од тие стереотипи е кога човек ќе покаже толеранција и великодушност тоа му се смета за слабост , па и за капитулација или за пораз, кога пак друг нешто сака да постигне мисли дека тоа може да го постигне само ако демонстрира сила и агресија. Ни едното ни другото не е точно и добро, во овој случај нема ни поразени ни победници, има само една добра одговорна позиција заземена од страна на сите бидејќи за функционирање на институциите не е одговорна само власта, денес е една партија утре ќе биде друга, туку сите оние што седат во собранието сите што учествваат во институциите се подеднакво одговорни и баш заради тоа е важно што во овој случај се постигна договор.

Политичката стабилност дома е важна за да продолжи дипломатската офанзива надвор. Но зошто опозицијата не сакаше да се соочи со избори?

Прашањето на изборите треба да се гледа пред се од една внатрешно политичка потреба и пред се да се слушнат граѓаните. Јас сум уверен било каква анкета да се спроведе и искрено да се произнесат за тоа, ќе се види дека се презаситени. Нив повеќе ги интересира резултати од она што се ветило на изборите. Ние имавме сега пред неколку месеци избори, па да пуштиме да видиме кои какви резултати ќе постигне, а не да закажуваме само нови избори, па и без тоа ќе имаме идната година претседателски избори. Не е прашањето често да држиме избори туку да се држиме за зборот, она што се договара да се спроведува.

Следниот месец треба да се случи средба меѓу македонскиот премиер Груевски и Самарас. Кои се очекувањата?

Тоа би било навистина сега еден исклучително важен чин во приближувањето на двете страни. Според мене, најважно е да се изгради меѓусебна доверба меѓу двете страни, односно претставниците што преговараат во овој случај. За да се стекне доверба меѓусебна и да се зацврсти таа доверба мора да се разговара, за да се разговара мора да има средби, такви средби се одбегнуваа од грчката страна со безброј образложенија, а лично сметам дека една средба и тоа во ОН меѓу двајцата премиери ќе биде исклучително добар момент да се отвори патот да се отвори една нова страница во нашите односи, кога се почесто ќе се развовара, ќе се преговара и ке се создаат услови за решение. Никакви посредници никакви надворешни фактори неможат тоа сами од себе да го направат ако ние не најдеме заеднички јазик со нашите сосед, а мислам дека треба да го најдеме оти и во наш и во нивен интерес, едни до други, едни со други со векови живееме и нема никаква причина да се заедно фрустрираме со прашања кои сепакна крајот на денот сепак имаат решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top