| четврток, 6 декември 2018 |

Меси промаши пенал, Барселона сепак го освои Суперкупот на Шпанија

Лионел Меси го промаши десеттиот пенал како играч на Барселона, но, сепак, Каталонците не беа казнети за утката и го освоија Суперкупот на Шпанија, благодарение на голот во Мадрид против Атлетико. Синоќа во реваншот на „Ноу Камп“ немаше голови, а една седмица претходно двете екипи одиграа 1-1, што му донесе прв трофеј во новата сезона на актуелниот првак Барселона.

FC BARCELONA VS. ATLETICO MADRID

Атлетико последните десетина минути ги одигра со фудбалер помалку по исклучувањето на Филипе. Во 89. минута беше досуден пенал за Барселона, а Меси ја погоди пречката не успевајќи да го совлада Тибо Куртоа. Сепак, гостите од Мадрид, кои се актуелни освојувачи на Кралскиот куп во Шпанија, немаа сили да постигнат погодок за славје. Нервозата од неуспехот си го стори своето, па и Арда Туран доби црвен картон, по реакцијата од клупата за резерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top