| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Хаџиски „им побегна“ на Швајцарците, се чека одлуката за Македонија

mile hadziskiЗоран Томовиќ или Миле Хаџиски, уапсен пред 10 дена на југот од Франција по барање на Швајцарија и Македонија, нема да и биде испорачан на Швајцарија. Апелацискиот суд од Ним смета дека Томовиќ имал француско државјанство кога ги сторил делата за кои се бара во Швајцарија, а Франција не ги екстрадира своите државјани.

Што се однесува до македонското барање за екстрадиција, одлуката на судот од Ним е одложена за 25 септември. Зоран Томовиќ/Миле Хаџиски во Македонија е осуден во отсуство на 20 години затвор поради убиство. За разлика од делата во Швајцарија, во случајот со Македонија  тој  во тогаш немал француско државјанство. Истиот ден францускиот суд треба да се изјасни и за барањето на Хаџиски за пуштање на слобода.

Досието на Томовиќ/Хаџиски содржи осуда за убиство во Македонија во 1993 година, каде се бара за издржување на казната. Се криел во Франција додека му е судено во отсуство, па под туѓ, српски идентитет влегува во Легијата на странците на француската армија. За него се претпоставува дека е дел на фамозната банда „Пинк Пантер“. Тој побегна од швајцарскиот затвор во Лозана во мај годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top