Владата го прологнираше рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции. Па така, наместо до 31 август, барањата за субвенциите ќе може да се поднесуваат до 20 септември, објави владиниот портпарол Александар Ѓеоргиев
Но, освен оваа мерка, на синоќешната владина седница било одлучено и дека земјоделците кои имаа поднесено апликации, но не ги добиле субвенциите за 2012 година, бидејќи немале платени водарина или пашарина, тие тие пари ќе ги добијат со програмата од оваа година, доколку ги платат заостанатите долгови кон државата.
-На околу 400 до 500 земјоделци ќе им биде овозможено субвенциите што не ги добиле во 2012 година, сепак да ги добијат од програмата во 2013 година, но секако ќе треба да ја платат сметката за водарина или пашарина поради која претходно биле спречени да ги добијат овие субвенции. Тие ќе треба да го поднесат барањето до платежната агенција најдоца до 31 октомври, за да може да се исплатат парите, а секако ќе може да аплицираат и за субвенции за 2013 година, изјави Александар Ѓеоргиев, портпарол на влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Утре истекува рокот за фирмите да достават годишни пресметки
-
Овие намирници може да ги јадете и кога ќе им помине рокот на траење


